Во Скопје се одржува годишниот самит „Жени во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“

November 23, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржува Третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво „Жени во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“, јавува Анадолу.

Дводневниот самит е организиран како годишен настан на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија (ЕУ).

На отворањето на самитот присуствуваа владини претставници, претставници на локалната власт, претставници од канцеларијата на ЕУ во Скопје, како и голем број жени претприемачи.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во своето воведно обраќање рече дека на бизнисот и на економијата им се неопходни квалитетите на жените.

Тој нагласи дека во Северна Македонија скоро половина од жените се надвор од пазарот на труд.

„Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата. Со негово затворање ќе се искористи целосниот потенцијал за поттикнување на поразновидна и квалификувана работна сила. Оваа инклузивност не само што ја промовира социјалната правда туку и ги подобрува економската ефикасност и иновативноста“, рече Битиќи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека Министерството со кое тој раководи ја препознава важната улога на жените во економијата и во 2018 година има донесено Стратегија за развој на женското претприемништво.

Тој додаде дека во континуитет се зголемува бројот на компании што се основани или управувани од жени.

„Може да констатираме дека мерките за стимулирање на жените за започнување свој бизнис што Владата ги реализира секоја година, како и активностите што произлегуваат од Стратегијата за развој на женско претприемништво на Република Северна Македонија ја постигнале целта, но не се доволни“, истакна Бектеши.

Валентина Дисовска од проектот „Националната платформа на женското претприемништво“ во својот говор им се заблагодарам на сите институции и организации што ја потпишаа декларацијата за поддршка на женското претприемништво. Таа, исто така, изнесе неколку информации во врска со реализираниот проект.

„Сите заедно креиравме движење што активно работи за подобрување на условите за раст и развој. И кои се резултатите од тоа што го сработивме? Повеќе од 250 потпишани декларации, над 2.000 лица што биле на нашите настани, организирање тематски и секторски групи, над 50 состаноци со активни стејкхолдери и повеќе од 200 состаноци на локалните координаторки со сите локални заедници”, нагласи Дисовска.

Исто така, таа упати барање за креирање фонд за поддршка на женското претприемништво, додавајќи дека овој фонд беше дел од Националната стратегија 2019-2023, но остана незавршен поради Ковид-кризата и другите кризи.

На отворањето на Самитот, исто така, беа доделени награди за најдобри жени претприемачи во микро, мали и средни претпријатија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вилма Русковска разрешена од јавен обвинител, Советот на ЈО гласаше едногласно

Следно

Уличен продавач на храна од Менхетен „шокиран“ кога дознал дека вознемирувачот е поранешен американски функционер

Latest from Blog

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш

Мал раст на МБИ10 и стабилен пазар: Берзанска сесија со промет од 38,7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,05% и заврши на 10.182,11

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше
Go toTop