Столтенберг до пратениците: Со членството на НАТО видовте повеќе инвестиции, работни места и зголемен раст

November 21, 2023
1 min read

реклама


Сојузниците во НАТО гарантираат за безбедноста на Северна Македонија. Во изминатите три години по вашето членство во НАТО видовте повеќе странски инвестиции, зголемен раст и повеќе работни места. Мирот и стабилноста се предуслов за економски просперитет, порача денеска во своето обраќање во Собранието на Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг, кој е во официјална посета на нашата држава, од Собранието на Северна Македонија порача дека членството во НАТО е есенцијалната и суштинска меѓа кон членството во ЕУ.

реклама

-Патот до членството во НАТО беше долг и полн со предизвици. Вашата држава се одлучи да биде дел од НАТО пред 30 години. Ваквото патешествие бараше истрајност, одлучност и посветеност на реформи. Со политичка храброст и визија успеавте да постигнете историски компромис со Грција. Преспанскиот договор го овозможи членството во НАТО. Истиот договор придонесе и во добрососедските односи за посветла иднина на народот на Северна Македонија. Во март 2020 година, конечно ја постигнавте вашата амбиција и станавте полнправна членка на НАТО, додаде Столтенберг.

Тој посочи оти е уверен дека членството во НАТО на Северна Македонија беше поздравено како светло во темнината. Како што рече, дури и во првите денови, придобивките од членството за државата беа очигледни.

реклама

-Денес сојузниците во НАТО гарантираат за безбедноста на Северна Македонија. Сојузниците стојат рамо до рамо да заштитат и да се одбрнаат од другите, додаде Столтенберг. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберт: Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот

Следно

Џафери побара ЈО да отвори постапка за инцидентот во Собранието: „Крмов да ја плати штетата“

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop