Северна Македонија домаќин на првиот Регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

November 16, 2023
1 min read

реклама


 Министри од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија  Косово, заедно со високи претставници од Директорат за проширување на ЕК утре во Скопје ќе одржат прв состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, што беше објавен од Европската комисија на почетокот на овој месец.

Состанокот се одржува со цел презентирање на Планот за раст од страна на DG NEAR и отворена дискусија со министрите од регионот за можностите максимално да се искористи ново дизајнираниот План за раст, во насока на зајакнување на кохерентноста на политиките и усогласување на помошта на ЕУ со домашните реформи и расположливи ресурси, информира Министерството за финансии. 

реклама

Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформа и раст пред министрите за финансии и економија и главни преговарачи на РС Македонија, Р Србија, Р Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Р Албанија ќе ги претстави  генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија  Герт Јан Копман.

Во фокусот на состанокот помеѓу ЕК и земјите од Западен Балкан се реформите коишто ќе бидат клучни за унапредување на економскиот и социјалниот развој, конвергенција во наредниот четиригодишен период, особено во делот на енергетската транзиција, бизнис окружување, животна средина, дигитализација, образование и човечки капитал. Во тој контекст и инвестициските приоритети.

реклама

Планот за раст на Западен Балкан е нов инструмент на ЕК којшто треба да овозможи поврзување, поддршка на реформите и финансиска поддршка во вид на грантови и поволни заеми, а со цел создавање поволни економски услови за граѓаните и бизнисот и побрза конвергенција и интеграција во ЕУ. Тоа е одлична можност за земјите за интензивирање на реформските агенди поврзани со евроинтеграцијата и унапредување на стандардот во земјите од регионот.

Планот се базира на четири столба кои се насочени кон забрзување на економската интеграција од земјите во регионот во Единствениот пазар на Европската унија, како и зајакнување на економската интеграција во Западен Балкан преку Заедничкиот регионален пазар, а преку спроведување на социо-економски и  фундаментални реформи,  за што на земјите им се ставаат на располагање шест милијарди евра во рамки на Инструмент за реформи и раст за Западен Балкан.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаревска: Солидарен данок не платиле уште 19 компании

Следно

Брза железница Скопје – Ниш, за нејзина изградба Ковачевски и Брнабиќ ќе потпишат меморандум

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop