Кривичен бара Судски совет да ја делегира судијката Александра Ристеска се до објавување на пресудата за Ласкарци

November 16, 2023
1 min read

реклама


 Судијката Александра Ристеска, која беше избрана за апелационен судија, да биде времено делегирана во Кривичниот суд се до објавување на првостепената пресуда за предметот Ласкарци, бара Основниот кривичен суд Скопје.

Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека судењето за автобуската несреќа кај село Ласкарци е во фаза на завршни зборови за што веќе се насрочени четири продолженија во текот на тековниот и следниот месец и посочуваат дека веќе се обратиле со барање до Судскиот совет.

реклама

– Барањето е со цел економичност и целисходност на постапката како и спречување на непотребни одолговлекувања, имајќи предвид дека со промена на Судечкиот совет предметот може да почне од почеток со изведување на сите вербални и писмени докази како и сите вешти наоди, се вели во соопштението од Кривичен суд Скопје.

Судскиот совет вчера избра осум нови судии во Апелациониот суд Скопје, меѓу кои тројца од Основниот кривичен суд Скопје.

реклама

– Воедно судот бара од Судскиот совет во најкус рок да делегира најмалку тројца судии и тоа во одделот за Кривично полнолетни, одделението за Организиран криминал и корупција и одделението за Претходна постапка каде до овој момент постапуваа тројцата судии, посочуваат од Кривичен суд.

Основниот кривичен суд, се вели во соопштението, останува со 42 судии, што може да ја доведе во прашање ажурноста на судот и надминување на приловот на нови предмети, имајќи предвид дека на годишно ниво судиите постапуваат по 215.000 предмети.

реклама

– Судот со заминувањето на тројцата судии, заради нивниот избор во Второстепен суд, и претходното престанување на судиската функција на 5 судии во текот на 2023 – та година како и делегирање во друг суд на 6 од 10 – те ново избрани судии во текот на изминатата година, посочуваат од Основен кривичен суд Скопје. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Гил: Венецуела ги осудува геноцидот и израелското истребување на Палестинците

Следно

„Зошто е геноцид она што се случува во Газа“

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop