СЗО: За да се осигури безбедноста на лицата во болницата Ал-Шифа во Газа потребно е да прекинат непријателствата

November 14, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека „најдобриот начин“ да се осигури безбедноста на пациентите, како и на цивилите кои се засолнуваат во болницата Ал-Шифа во Газа, не е евакуација, туку „прекин на непријателствата“, јавува Анадолу.

Одговарајќи на прашањето на Анадолу на прес-конференција на ОН во Женева, портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, рече дека непријателствата треба да се прекинат заради „спасување животи, а не одземање животи“.

По наредбата на израелската Армија да се евакуира болницата, која е најголемата во Газа, Харис рече дека нема да биде возможно да се евакуираат 700 загрозени пациенти, нагласувајќи дека ќе биде „многу тешко“, дури и ако треба да се преселат, ако и кога болницата престане да работи поради недостатокот на гориво, што го имаат повеќето болници во Газа.

Таа истакна дека СЗО сè уште ја дефинира болницата Ал-Шифа како функционална болница поради „херојските напори“.

Конфликтот во Појасот Газа влезе во 40-тиот ден, најмалку 11.180 Палестинци се убиени, вклучувајќи над 7.700 жени и деца, а повеќе од 28.200 се повредени.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава од минатиот месец.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел изнесува речиси 1.200, според официјалните бројки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Блинкен доаѓа во Скопје, за Лавров неизвесно – интервју со Бујар Османи

Следно

Бектеши за ТВ21: Нема тука да застанеме, целосно сме посветени во зголемување на животниот стандард на нашите граѓани

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop