(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Блинкен доаѓа во Скопје, за Лавров неизвесно – интервју со Бујар Османи

November 14, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 13 ноември 2023 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, вели дека нема никакви индикации дека шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен нема да дојде на Министерскиот совет на ОБСЕ кон крајот на месецов во Скопје. Во однос на тоа дали во земјава ќе дојде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, тој рече дека процедурата за неговото доаѓање е започната, но дека неговото пристигнување е сè уште неизвесно. На тема избори, Бујар Османи, кој е и потпретседател на ДУИ, вели дека во неговата партија преовладува малку ставот „заради логистички, финансиски и административни причини, треба можеби заедно да се оди (на парламентарни и претседателски избори, н.з.), но сè уште нема утврден став бидејќи не заседавале официјално телата на партијата“. Со Османи разговараме и за критичкиот извештај за земјава од Европската комисија, измените во Кривичниот законик, наводите за влијанија врз судските авторитети, албанската опозиција, евентуално враќање на Груевски во земјава…

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Илон го гледа светот

Следно

СЗО: За да се осигури безбедноста на лицата во болницата Ал-Шифа во Газа потребно е да прекинат непријателствата

Latest from Blog

Почна чистењето на скопската железничка станица: се отстрануваат билбордите и рекламите

Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами

ВЛЕН: Економскиот раст од 3,8% е доказ за успешната работа на министерот Дурмиши

ВЛЕН ја поздравува објавената стапка на раст на Бруто домашниот производ од 3,8 проценти во третото тримесечје, соопштена од Државниот завод за статистика, оценувајќи дека овој резултат е јасен показател дека економијата

Криптовалутата официјално станува личен имот во Велика Британија

Велика Британија донесе закон што би можел да го преобликува глобалниот пазар на дигитални средства. Со Кралската согласност на 2 декември, дигиталните средства како што се криптовалутите беа официјално признати како нова,

Какво време не очекува во текот на неделата?

Во текот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. -По одделни котлини
Go toTop