Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

November 14, 2023
1 min read

реклама


Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари. 

– Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши.

реклама

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година. 

Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска цела ноќ изведувала воздушни напади на Газа

Следно

Клучните одлуки за ОБСЕ ќе се донесат токму во Скопје

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop