Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Спасовски, во посета на Србија

November 13, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, за време на работниот престој во српскиот главен град Белград по повод учеството на 24. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Србија, оствари билатерална средба со својот српски колега, министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, двајцата соговорници се согласиле дека оперативната и стратешка соработка е на исклучително високо ниво, со многубројни апсолвирани области на заедничко работење и со континуирана волја и подготвеност за нејзина надоградба.

„Од аспект на нашата соработка на мултилатерално ниво, задоволство ми е да констатирам дека е евидентна нашата посветеност на регионалната соработка што – впрочем – се огледува преку заедничкото дејствување и активност во сите регионални иницијативи и процеси. Во овој аспект, би ја споменал и Специјалната мерка, односно Заедничката операција функционална речиси од самиот почеток на миграциската криза која заврши со распоредувањето на припадници на постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во рамки на која српски полициски службеници заеднички работеа со македонските полициски службеници, оставајќи личен печат на управувањето со миграциите и борбата против илегалната миграција”, рече Спасовски, информирајќи го колегата Гашиќ за состојбите со управувањето со миграцијата и криумчарење мигранти.

Министрите Гашиќ и Спасовски посочија дека ниту една земја сама не може да го реши проблемот со нерегуларната миграција и затоа е неопходно земјите да реагираат униформно за да се најде најдобриот одговор на овој предизвик.

На средбата беше констатирано дека мигрантите влегуваат и во Србија и во Северна Македонија од земјите на Европската Унија, поради што е неопходно да се најде адекватно решение за нивно враќање во земјите на потекло.

Спасовски посочи дека заедничките патроли со членовите на Фронтекс даваат резултати и посочи дека во текот на оваа година во Северна Македонија е забележано намалување на нерегуларната миграција за дури 50 проценти.

„Заедничките патроли на граничните полиции на двете земји даваат добри резултати“, оценија Гашиќ и Спасовски и договорија натамошни чекори кон унапредување на соработката во оваа област.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трето коло од „Есенска тура за 2WIN авантура“ на 2win.mk

Следно

Хамас: Обвинувањето на Борел обезбедува „европско покритие“ за Израел

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop