Палестински министер предупредува: Од четврток во прекин сите комуникациски услуги во Газа

November 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинскиот министер за комуникации, Јицак Сидр, денес соопшти дека од четврток сите комуникациски и интернет услуги во Појасот Газа ќе сопрат поради недостиг на на гориво, јавува Анадолу.

За време на прес-конференцијата, министерот рече дека прекинот на комуникациските услуги „ќе ја продлабочи хуманитарната катастрофа“, јави државната палестинска новинска агенција Вафа.

Министерот додаде дека тоа ќе влијае на комуникацијата меѓу Цивилната одбрана, Црвената полумесечина и другите хуманитарни организации, истакнувајќи дека „тоа значи загуба на многу животи“.

Нарекувајќи ги „овие акции кршење на меѓународното право“, Сидр ги повика „сите меѓународни институции, особено Меѓународната телекомуникациска унија, УНРВА, Арапската Црвена полумесечина, Црвениот крст, организациите за човекови права и граѓанските организации итно да интервенираат со цел да се донесе гориво во Појасот Газа“.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, вклучително и врз болници, домови и места за богослужба, по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.

Во израелските напади досега загинаа најмалку 11.100 Палестинци, од кои 8.000 деца и жени.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 11.100

Следно

Посебен режим на сообраќај утре и задутре во центарот на Скопје

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop