Ал Каила: „По ѓаволите со меѓународната заедница која не може да ја запре машинеријата што убива болни и ранети“

November 11, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Палестинското Министерство за здравство денес соопшти дека 39 бебиња од Одделението за нега во болницата Ал-Шифа во Газа се во опасност од смрт во секое време поради недостиг на кислород, што коинцидира со тешките воздушни и артилерски напади на болницата и нејзината околина од страна на израелските сили, јавува Анадолу.

Министерството за здравство издаде соопштение со кое ја коригира претходната изјава на својата министерка Маи Ал-Каила во која таа рече дека 39 бебиња во Одделението за интензивна нега на болницата Ал-Шифа починале поради недостиг на кислород.

Мухамед Алававда, менаџер за медиуми во Министерството за здравство, за Анадолу изјави дека 39 деца на Одделот за нега во болницата Ал-Шифа се во опасност од смрт, а едно бебе починало како резултат на недостигот на кислород.

Претходно, Каила на прес-конференција изјави дека „Израел врши воено злосторство и геноцид во Појасот Газа“, и додаде дека „врши опсада и бомбардира болници“.

„По ѓаволите со меѓународната заедница која не може да ја запре машинеријата на уништување и убивање болни и ранети во болниците преку директен пренос пред сиот светот“, рече министерката.

Таа нагласи дека: „Израел ги опколува болниците со тенкови наместо да им обезбеди гориво, лекови и залихи, а резултатот е сигурна смрт за илјадниците пациенти и ранети“.

Министерката посочи дека 20 од 35-те болници се вон функција поради израелските бомбардирања и недостигот на гориво.

Соопшти дека болницата Ал-Наср е директно бомбардирана, со што е уништен Одделението за бебиња и дека погодени се и панелите за соларна енергија, што довело до прекин на струјата и водата.

Каила апелираше до меѓународната заедница итно да интервенира, да ја укине опсадата на болниците и да ја прекине војната за да ги спаси животите на илјадници жители.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Европскиот совет и Парламент постигнаа договор за буџетот на ЕУ за 2024 година 

Следно

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop