Изложба на Боре Митовски „Душа на платно“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје

November 10, 2023
1 min read

Самостојната изложба на Боре Митовски со наслов „Душа на платно“ ќе биде отворена на 13.11.2023 год. (понеделник) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 19 часот.

Боре Митовски по потекло е од Македонија, но долги години живее и работи во Словенија и ова е негова прва самостојна изложба во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 слики изработени во техниката акрил на платно.

Во текстот за каталогот неговиот пријател скулпторот Синиша Новески ќе напише:

„Сликите на Боре Митовски се изградени композиции во стилот на надреализмот, кубизмот и експресионизмот. Тој во неговите слики на пејсажи и мртви природи гради еден оргинален свет на геометриски форми исполнети со жив колорит на бои. Неговата слика како силна конструкција ја гради со цртеж и разиграни строги линии кои градат одредена перспектива и влез во друга димензија. Геометриските плохи се исполнети со комплементарни бои кои дават експресивност и виталност во сликата. Уметничката слобода, креативност и фантазија гради посебни некои простори со урбани и природни пејсажи блиски до македонската традиција и фолклор со асоцијација на македонските везови и декорации на народните носии, но со ликовен модерен сензибилитет. Неговиот пристап во сликарството е блиско до витражот поради неговата раскошност и призрачност.

Од ликовните елементи тој ги применува линијата ,формата, комплементарните бои ,текстурата и мелодичниот ритам кој е во едниство со просторот и формите.Неговите слики го имат медитеранскиот динамичен дух ,но сепак стилизиран во некој рационален бароктен ред и смиреност .Обидот да прави тридимензионални форми создава илузија на рељефност на сликата.Со овој циклус на слики тој остава впецаток на креативен и сериозен сликар кај кого има потенцијал за интересен креативен ликовен и естетски развој.“

Изложбата ќе биде отворена до 23.11.2023 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдена марихуана во ранец на 17-годишна ученичка

Следно

Во Северна Македонија и Албанија одбележана 85-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop