Собранието доби низа забелешки од ЕК, власта и опозицијата си ја префрлаат одговорноста

November 9, 2023
1 min read

реклама


Европската комисија ја оцени земјава без напредок во многу области и конкретни забелешки имаше на работата на Собранието, сепак ниту пратениците од владејачкото мнозинство ниту од опозицијата не се најдоа одговорни за ваквите критики.

Во Извештајот јасно е наведено дека се нотира политичка поларизација, блокада од опозицијата, прекумерна и несоодветна употреба на европското знаменце како и лошо планирање на календарот на законодавниот дом. Владејачката СДСМ вели дека за тоа е виновна опозицијата поради блокадите, но на прашањето за делот на злоупотребата на европското знаменце од страна на власта Миле Талески пратеник на СДСМ рече дека тоа е поради блокадите.

„Мислам дека најексплицитно е укажано во овој извештај а тоа е дека директно блокадите во Собранието за носење на законите и за кочење на европскиот пат се од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Ние како владејачка партија се соочуваме секојдневно со секакви опструкции. Знаете кампањата на ВМРО-ДПМНЕ беше подолг временски период блокада во Собранието. Државата мора да оди напред и мора да се најде начин како тие закони кои што беа во интерес на граѓаните и беше насушно потребно да бидат тука донесени во Собранието.“, изјави Миле Талески.

И опозицијата, виновна за таквиот извештај ја најде власта. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека активната блокада што ја спроведувале во Собранието е за закони со, како што рече, криминална позадина.

„Активната блокада беше еден вид на реакција од страна на пратеничката група кон Владата и парламентарното мнозинство и имаше за цел да го спречи носењето на криминалните закони кои беа меѓукоалициски пазар на партиите од власта. Исто така целта беше да се спречи носењето на закони во скратена постапка со кои што власта сакаше да ја заобиколи демократската процедура за дебата на битни законски решенија. Во овој извештај имаме зголемување на процентот на донесени закони по скратена постапка од 38 на 58 проценти.“, рече Мицевски.

Од здружената опозиција на партиите на Албанците Европски сојуз за промени велат дека овој Извештај на Европската комисија е најнегативниот досега.

„Коалицијата Европски сојуза за промени веќе подолго време предупредува дека интеграцијата во ЕУ за оваа Влада не е примарен фокус, бидејќи таа е зафатена со бизнисот на игрите на среќа како и со зголемување на нивото на корупцијата. Не можеме да не констатираме дека авторот и виновникот на ваквата состојба не е анонимен. Тој е во Владата составена од триото СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците“, изјави Сафије Садики Шаини од Алтернатива.

Извештајот на Европската комисија констатира големи пропусти во функционирањето на Собранието за што побаравме став и од претседателот на Собранието Талат Џафери, но оттаму не добивме одговор.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаревска: Не би се согласила дека е лош извештајот од Европската комисија

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: На сателитските снимки ги нема, но Општина Чаир легализирала нови високатници како да постоеле во 2011 г.

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop