МОН: изработени се новите наставни програми за седмо одделение, навремено ќе започне постапката за нови учебници што ќе се користат од следниот септември

November 8, 2023
1 min read

реклама


Новите наставни програми за седмо одделение, чија примена согласно планот за реформирање на основното образование ќе започне од учебната 2024-2025 година, се веќе изработени. Бирото за развој на образованието како институција под чија надлежност е овој процес, навремено постапи и го испочитува рокот за исполнување на обврската кој го договорија МОН и БРО.

Ова подразбира и навремено започнување на постапката за изработка на нови учебници. Наставните програми се доставени до Министерството за образование и наука,  така што наскоро Педагошката служба ќе објави повици за автори и за избор на рецензенти. Се очекува процесот на избор на учебници за седмо одделение, графичко уредување и испорака, целосно да заврши пред следниот септември и учениците на првиот училишен ден, пред себе да ги имаат сите учебници.

реклама

Изработката на учебници е комплексен процес чие времетраење зависи од низа фактори, меѓу кои, на одреден дел, институциите немаат влијание. Сепак, со навременото доставување на наставните програми и отпочнувањето на постапката на одобрување учебници, се намалува веројатноста за доцнење на процесот, односно се обезбедува континуитет на планираните промени.

МОН изразува благодарност до новиот директор на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи кој го интензивираше процесот на изработка на наставните програми, како и низа други процеси, меѓу кои и набавката на педагошка документација и свидетелствата, кои во минатото, често се случуваше да доцнат.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Парламентот на Белгија побарано да се бојкотираат производите од нелегалните еврејски населби

Следно

Судскиот совет ја избра Анита Данилова за в.д. претседател на Виш управен суд

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop