(ВИДЕО) Нов масакр во Америка: Во Калифорнија напаѓач уби 7 лица!

January 24, 2023
1 min read

Ова пукање се случи само неколку дена по убиството на 11 лица во Калифорнија, во сала за танцување во заливот Монтереј

Седум лица загинаа во две одвоени, но поврзани престрелки во близина на заливот Халф Мун, Калифорнија, објавија американските медиуми.

Напаѓачот, за кој се верува дека е вработен во транспортна компанија, пукал прво во фарма, а потоа и во локацијата на неговата компанија во околината на овој град, кој се наоѓа на околу 50 километри од Сан Франциско.

Медиумите го објавија и името на напаѓачот. Неговото име е Чунли Жао, а вработен е во транспортна компанија во заливот Халф Мун.

Објавено е и видео од неговото апсење:

Засега не e јасно како се поврзани двете престрелки, но приказната се разоткри кога едно лице повикало полиција. Напаѓачот бил фатен и без дополнителни инциденти и се предал на полицијата.

Ова пукање се случи само неколку дена по убиството на 11 лица во Калифорнија, во сала за танцување во заливот Монтереј.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соопштение од посета на ЈП „Градски Паркинг“ на градоначалничката Арсовска 23.1.2023

Следно

Арсенал ја засили дефанзивата со Јакуб Кивиор

Latest from Blog

МФ: Од 1 јули 2026 година се врши дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија

Денеска на седница на Владата беше усвоен Предлогот за измена на Законот за Царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие

Нов момент во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 била за друг објект и друга локација

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Обвинителството продолжи со изведување материјални докази, при што беше презентирана лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија. Одбраната побара во судницата да се прочита

Димитриеска-Кочоска: Со пониски царини до посилна македонска економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека Владата на денешната седница го усвоила Предлогот за измена на Законот за Царинска тарифа, со кој се предвидува дополнително намалување на царинските стапки и нивно
Go toTop