МФ: Од 1 јули 2026 година се врши дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија

May 28, 2026
1 min read

Денеска на седница на Владата беше усвоен Предлогот за измена на Законот за Царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50% од нивото на царинските стапки што важат во Европската Унија.

Намалувањето на царинските стапки опфаќа суровини, репроматеријали и компоненти што се користат во домашните производствени капацитети за производство на високо финални производи, со цел да се зголеми извозната конкурентност на македонската индустрија.

Со оваа законска измена се реализираат определбите од Програмата за работа на Владата 2024–2028 година, во делот на постепена хармонизација на царинските стапки со стапките што се применуваат во Европската Унија, прилагодени на извозно-увозните потреби на македонската економија.

Измените се подготвени во консултација со Стопанската комора на Република Северна Македонија и претставуваат продолжување на царинската политика насочена кон поддршка на домашната бизнис заедница и зајакнување на конкурентноста на преработувачката индустрија.

Со Предлог-законот се предвидува целосно усогласување на дел од царинските стапки со нивото на стапките што важат во Европската Унија, со што дополнително се унапредува усогласеноста со Царинската тарифа на ЕУ, имајќи ги предвид и правилата на Светската трговска организација.

Мерката директно ќе придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, а се очекува позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања.

Со намалувањето на царинската стапка на овие 70 стоки се очекуваат значајни долгорочни ефекти врз економскиот раст, индустриското производство и извозната конкурентност на државата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов момент во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 била за друг објект и друга локација

Следно

Полицијата во Цирих потврди: Нападот на железничката станица е терористички чин

Latest from Blog

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго

ВЛЕН до ДУИ: Молчевте кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес држите лекции

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека повторно се обидува да создаде, како што велат, лажна слика во јавноста преку манипулации и извртување на фактите. Од ВЛЕН велат

Трамп склучи голем нафтен договор со Венецуела

Тој го нарече „најголемиот договор за нафта во историјата на светот“. Трамп напиша на Truth Social дека договорот е преговаран, по негова насока, од страна на американскиот државен секретар Марко Рубио, секретарот

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина, а да ја
Go toTop