Општина Битола организираше отворен ден за идните средношколци

May 28, 2026
1 min read

Општина Битола заедно со Културниот и информативен центар (КИЦ) денеска организираа отворен ден под мотото „Твој избор – твоја иднина“, наменет за идните средношколци кои се во процес на избор на средно образование.

Настанот се одржа на платото пред Офицерскиот дом, каде што беа поставени штандови на средните училишта, младински организации и здруженија кои работат со млади.

Идните средношколци имаа можност директно да се информираат за образовните насоки, наставните програми и можностите што ги нудат училиштата, како и да разговараат со наставници и претставници на институциите.

Во рамки на програмата беа организирани презентации, проекти и музички содржини, со што настанот доби и едукативен и забавен карактер.

Од Општина Битола посочуваат дека ваквите активности имаат за цел да им помогнат на учениците полесно да донесат одлука за нивното понатамошно образование и да се запознаат со сите можности што им стојат на располагање.

Со овој отворен ден, Општина Битола, КИЦ и средните училишта ја продолжуваат практиката на директна комуникација со младите и нивно насочување кон правилен избор на образование.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за европската иднина

Следно

Американската војска нападна брод за шверц на дрога

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop