Случајот ТНТ утре на Апелација – Цаноски: Судијата Ристов ги слуша наредбите на Груевски за делото да застари

November 5, 2023
1 min read

реклама


Екс премиерот Никола Груевски е директно поврзан со низата малверзации што се прават со случајот ТНТ за уривањето на објектот Космос, за делата за него, како и на екс министерот за транспорт Миле Јанакиески да застарат, обвинува Фијат Цаноски првиот човек на компанијата ФИНЕ. Ова, како што објаснува Цаноски, го прави преку судијата Ѓоко Ристов кој е се уште близок со Груевски.  За утре Ристов свикал јавна седница на која воопшто не е испратена покана до Цаноски, а на која вели, очекува да донесе одлука за застарување на предметот, според измените на Кривичниот законик.

„Тој ја свикува јавната седница и немаме право никој на дискусија и ако сме странки, тој само заклучува дека по стапување на член 353 од Кривичниот законик нема повеќе потреба за никаква дискусија и расправија и делото застарува. Тој има интерес да се спаси Никола Груевски, според мене, мое мислење тој е играчот кој што командува“, вели Фијат Цаноски.

реклама

Случајот ТНТ имаше првостепена пресуда во мај минатата година кога Груевски доби затворска казна од 9, а Јанакиевски 4 години. Осудени беа и екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и Елисавета Најдовска тогашен градежен инспектор. Во мај годинава е одржана јавна седница на Апелациониот суд по која за 60 дена по што судијата Ристов имал законски рок од 8 мај до 8 јули да ја донесе пресудата, но и покрај тоа тој и понатаму го одолговлекувал предметот. 

Цаноски верува дека и да не беа измените во Кривичниот законик Ристов ќе продолжел со неговото одолговлекување се до застарување. Најави дека претставки ќе поднесе до сите институции а можно е против судијата да поднесе и тужба.

реклама

„Ќе се обратиме до сите институции во државата, правни, до сите амбасади и меѓународни институции. И на крај кривичната пријава што ќе ја поднесеме понатаму за Ѓоко Ристов за злоупотреба на службената должност , точно тој фамозен член кој што е променет, за него не е променет и важи, ќе бараме, направил штета лично тој на мојата фирма ФИНЕ ќе ја бараме штетата лично од него, да ги исплати 11 милиони и 200 илјади евра“, додаде Фијат Цаноски.

Случајот ТНТ беше поднесен и во судот во Стразбур во 2013 кој првично ја прифати, но потоа во 2017 откако се формира СЈО и го презеде случајот, им беше речено дека правните можности за овој случај се уште не се исцрпени во Македонија и дека не можат тие да постапуваат се додека не се завршат сите судски инстанци. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: Нема да има Влада со ДУИ

Следно

Двојни или одвоени избори? – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на различни позиции

Latest from Blog

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон
Go toTop