Шукова: Со 10 милиони евра од ЕУ во четири града ќе бидат заменети нееколошките системи за затоплување во јавни објекти

November 4, 2023
1 min read

реклама


Министерството почнува со проект со финансиска поддршка од Европската унија во вредност од 10 милиони евра, со кој во четири града во земјава нееколошките системи ќе бидат заменети во еколошки системи за затоплување во јавни објекти, најави денска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

-Проектот е 10 милиони евра, околу 5,6 милиони евра ќе се користат во четири општини Скопје, Куманово, Битола и Тетово за замена на нееколошки системи. Во моментов ги мапираме објектите во тие четири града за да утврдиме точно кои се најбитните каде што треба да се почне со замената на системите. Во рамките на овој проект ќе зазелениме нови јавни површини во овие четири општини, рече Шукова на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.

реклама

Министерката информира дека ќе набават пет или шест автобуси за Градот Скопје, исти како што биле набавени пред две години со заем од Европска банка за обнова и развој. Посочи дека овој пат ќе бидат грант за Градот Скопје. 

-Во континуитет продолжуваме со она што е многу битно за да се намали загадувањето со елиминирање на нееколошките системи за  затоплување, особено во јавните објекти, бидејќи мапиравме дека се уште има потреба да се помогне на јавните објекти, дали се тоа државни или општински. Им порачувам на општините и тие да го прават истото во рамките на своите надлежности, во рамките на нивните општини, бидејќи се уште има објекти каде што треба да се заменат системите. Да ги субвенционираат граѓаните во делот на набавка на инвертери како алтернативни извори на затоплување, бидејќи знаеме дека голем дел од загадувањето уште доаѓа и од јавните објекти и од домаќинствата, рече таа.

реклама

На новинарско прашање дека некои мерни станици за квалитетот на воздухот не работат, Шукова потенцира дека се работи за автоматски мониторинг станици кои имаат сензитивни делови, инструменти кои што многу често се расипуваат, меѓутоа ти се попвараат во континуитет од страна на Министерството.

-Имаме преку 20 мониторинг станици на ниво на држава, не се само во Градот Скопје и неколку луѓе работат на одржување на системот. Може да се случи ден до два да не работи мониторинг станица додека да се замени овој дел кој што е расипан со резервен дел, рече Шукова.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест пред седиштето на Мета во САД поради цензурата на содржините за Палестина

Следно

Репортерите без граници ги осудија израелските напади на канцеларијата за медиуми во Газа

Latest from Blog

Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на

Општина Прилеп: Сè повеќе домаќинства се вклучуваат во селекцијата на отпад, поделени над 500 бесплатни канти

Општина Прилеп продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад преку проектот „Регионално управување со цврст отпад“, реализиран од Министерството за животна средина и просторно планирање,

ВЛЕН: Изјавата на српската министерка е опасна и неприфатлива

ВЛЕН остро реагираше на изјавата на српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, која во интервју за српска телевизија изјави дека, доколку тогашниот претседател Слободан Милошевиќ имал целосна слобода
Go toTop