УХМР: Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови, и денеска поројни дождови и грмотевици

November 4, 2023
1 min read

реклама


 Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 87 литри на квадратен метар наврна во  Маврови Анови, по што следат Дебар со 65, Крива Паланка 57, Берово 40, Скопје – Петровец 33, Куманово, Ѓуриште и Попова Шапка 31, Струмица 24, Охрид и Крушево по 23, Скопје – Зајчев Рид 22, Тетово 18, Демир Капија, Гевгелија и Битола по 17, Штип 16, Прилеп 14, Претор 13, Велес 12, Виница10, Тополчани 9 и Дојран со 8 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места беа поројни проследени со грмежи и можна појава на град. Утрово е облачно со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

реклама

Според најавите од УХМР, времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни од над 40 литри на квадратен метар. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола го слави 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот

Следно

Израел бомбардираше училиште во бегалскиот камп Џабалија

Latest from Blog

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат
Go toTop