Светска премиера на најновиот документарен филм „Патување пеш“ (The Walk) на Тамара Котевска на фестивал во Њујорк

November 3, 2023
3 mins read

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска кој се бави со исклучително актуелна и осетлива тема посветена на бегалците од Сирија и Палестина ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември оваа година на DOC NYC – најголемиот американски фестивал за документарни филмови.


Во последните десет години, на DOC NYC се прикажувале документарни филмови што потоа ја освоија наградата Оскар. Тамара Котевска е најавена како една од десетината специјални гости – автори со нов филм, меѓу кои се Вим Вендерс, Сем Полард, Рамин Бахрани итн. Каледиоскоп категоријата во која е селектиран филмот „Патување пеш“ (The Walk) наречена уште „нови документарни визии“, за филмови кои се стремат кон поетски и есеистички филмски израз. Ова е единствен филм во категоријата со светска премиера.

Филмот „Патување пеш“ (The Walk) го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше 2 години, на територија од повеќе од 10 земји, раскажа режисерката Котевска на денешната средба со новинарите на која спореди исуства од патот кој го поминале заедно со тимот додека работеле на филмот.

Речиси преку ноќ добивме информации, авионските билети стасаа и веќе следното утро се разбудив во Газиантепе во Турција. Она што на почетокот ме фасцинираше таму се дресираните гулаби, и оттаму тргна мојата приказна, бегалците од Сирија и Палестина да ги претставам како гулабите кои си го бараат своето јато, раскажа Котевска.

Филмот го снимале две години години во повеќе од 10 земји: Сирија, Турција, Италија, Велика Британија, Јужна Африка…

Патувањето на Амал која го бара своето семејство завршува на Пикадили, во Лондон, откри Котевска.

Најфасцинантно за мене во текот на снимањето на документарецот кое почна во јули во 2021 година, беше патувањето со автобус и брод, низ Турција, Грција, Сирија, Италија. Монтиравме во комбе, додека останатите патници спиеја, а во Турција за една ноќ ги поминавме местата во кои беснееја страшните пожари…Бегалскиот камп во палестина и оној на границата меѓу Турција и Сирија денеска веќе не постојат, сега се срамнети со земја, рече таа.

Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект.

Самир Љума и самиот искусил како е да се напушти местото на живеење и во својата видео порака потенцираше дека тоа е мошне важно за да се сфати приказната за бегалците што ја раскажува филмот, додека Дуке Бојаџиев, исто така во видео обраќање, откри дека за филмот е направена музика од секаков вид, од изворна, филмска, па и опера.

Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, рече Котевска.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA – искусна продукција од Лондон, два пати наградена со Оскар во документарна категорија.
Еден од поголемите продукциски куќи кои застанаа позади филмот е Participant Media, една од најуспешните американски продукциски компании последниве 15 години, со 18 освоени награди од 73 номинации за Оскар.
Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм, а Пеце Талевски од „ОХО“ изрази благодарност и радост за оваа соработка велејќи дека ова е филм за човечката емпатија и дека треба да сме горди на домашните таленти.

Радосен сум што Агенцијата за филм го препозна овој комплексен проект, на веќе светски реномираната авторка Тамара Котевска, особено кога станува збор за документарни филмови, кои оставаат општествен импакт. Филмот прво го презеде светска продукциска куќа, а Македонија се вклучи во процесот. Уште повеќе ме радува фактот што голем дел од екипата се Македонци со кои сме практично на мапата на светската кинематографија. Им посакувам среќа во Њујорк” – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Европската премиера на филмот се очекува да биде на пролет, на еден од поголемите европски филмски фестивали, а режисерката Котевска соопшти дека би сакала да го испочитува „Македокс“ и премиерата на филмот да се одржи токму на овој фестивал.

 

Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал Санденс, а следната година имаше номинации за Оскар во 2 категории.
По повод последниот филм “Патување пеш” беше повикана да одржи говор на меѓународниот филмски фестивал во Венеција во категорија Lights Camera Impact која се однесува за филмови кои имаат моќно и социјално влијание и прават општествена промена.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец октомври

Следно

Монсанто ќе ти плати, кога ќе биде доцна

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop