Вработените во култура имаат еден од подобрите колективни договори во регионот, најниската плата е 55.000 денари

November 2, 2023
2 mins read

Платите во културата се меѓу повисоките во јавната администрација.

Најниската плата е 55.000, без минат труд. Во библиотека, без минат труд во 2021 година најниска плата изнесувала 37.926 денари, сега таа е 55.675 денари, нето плата. Актер од прва категорија без додатоци за минат труд има плата од 58.593 денари, виолончелист има нето плата 58.499 денари, без минат труд и без додатоци.
Администрацијата вработена во институциите за култура се вметнати во колективниот договор, па така водоинсталатер има нето плата од 35.247 денари. Во Градски конзерваторски центар исплативме две плати од по 3.000 евра со теренски додатоци, минат труд, со звање…
Со септемвриската плата вработените во културата добија покачување од 10 проценти според Општиот колективен договор, но тоа што направи забуна беа решенија кои ние како Министерство за култура моравме да ги изработиме. За ова не е единствената причина тоа што имавме задолжение од Владата дека сите колективни договори мора да претрпат анекс во кој ќе се имплементира покачувањето од 10 проценти, туку моравме да најдеме правен пат зошто ќе се исплатат плати покачени за 10 %, објасни денеска министерката за култура на брифинг со новинарите и потенцираше дека е многу горда со нивните плати и дека навистина ги заслужуваат.

Министерката ова го образложи со тоа што објасни дека Синдикатот на култура не е под Сојуз на синдикати и имаат свој колективен договор според кој им се исплаќаат платите од 2019 година, од кога е потпишан договорот.

Овој пат ги замоливме да направиме анекс во кој ќе се впише дека на минималната плата кој нив им е основна компонента за пресметка на платата и коефициентите, ќе го впишеме зголемувањето од 10% и исплатата од К-15. Тие не се согласија да го отворат колективниот договор. Имавме неколку состаноци, но не можевме да најдеме заеднички јазик. Министерството за финансии не го прифаќа платите така исплатени со плус 10%, бидејќи се работи за нова сума на плата и таа нова сума мора некаде да биде впишана врз основа на што се добива. Тие решенија за плата мораше да бидат изработени бидејќи тие покачувањето не го земаат по нивниот колективен договор, туку по Општиот колективен договор како чинители во јавниот сектор, затоа што култура се уште е во јавен сектор и им следуваше покачување од 10%. Тие како проблем го истакнаа фактот дека во решението стои до март 2024 година, а тоа е затоа што тогаш ќе има ново зголемување на минималната плата, а нив таа им е основа за пресметување на плати во нивниот колективен договор, објасни Костадиновска-Стојчевска и потенцираше дека во март 2024 година можно е вработените во култура ќе земат плата со покачување по две основи (по зголемување на минималната плата и ако тоа го предвиди Општиот колективен договор).

Вработените во култура имаат еден од подобрите колективни договори во регионот и министерката изрази задоволство што тој се потпишал во 2019 година.

Но, во март 2024 година кога ќе се покачи минималната плата и ако Општиот колективен договор предвиди покачување тие ќе мора да се одлучат според кој основ ќе се водат, не може по два основи и тоа ќе мора да се реши. Во моментов остваруваат по два основи, по Општиот колективен договор и по договорот на СКРМ. Ќе им се исплати и К-15, иако не доволија да им се исплаќа според нивниот колективен договор, ние ќе им исплатиме според Општиот колективен договор, кажа Костадиновска – Стојчевска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дали се проширува скандалот со Онкологија? Мицкоски со нови податоци за манипулација со лекови против канцер

Следно

ЈОРСМ: Изнесените информации за предистрагата за Онкологија се погрешни и може да ја вознемират јавноста

Latest from Blog

Таки Фити: Македонскиот јазик е заштитен во „Францускиот предлог“, губиме драгоцено време

Рацин.мк, во оваа епизода од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ оствари интервју со академик Таки Фити. Како што е познато, негова специјалност е економскиот развој на земјите во развој, претприемништвото, економијата

Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран. Според снимките објавени на иранската

Најтажниот гол во кариерата на Мбапе, посветен на Диого Жота (ВИДЕО)

Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме, а во судиското продолжение стрелаше прецизно за водство од 3-1 во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал. Погодокот

Кабинетот на Нетанјаху: Измените на Хамас во предлогот за прекин на огнот во Газа се „неприфатливи“

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израел синоќа соопшти дека Хамас направил „неприфатливи“ измени во предлогот на Катар за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесува Анадолу. „Промените што Хамас се обидува да ги направи
Go toTop