Албански опозициски фронт: Бескомпромисна поддршка за судиите во Врховниот суд, тие се под невиден притисок од ДУИ да го вратат Груевски

November 2, 2023
1 min read

реклама


Албанскиот опозициски фронт денеска порачаа бескомпромисна поддршка за судиите во Врховниот суд.

Според нив, тие се под невиден притисок од ДУИ да го вратат екс премиерот Никола Груевски.

реклама

„Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка за судиите од Врховниот суд, кои се под страшен притисок со барањата за враќање на Никола Груевски.

Како што знаеме и како што добивме информации од свиркачи, ДУИ и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите од овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претвориле во тиран, и дека со нивната сила и политичка моќ сакаат да го убијат секој столб на демократијата.

реклама

Тоа воопшто не е за чудење, туку е уште еден показател кој треба да ни послужи како освестување за сите нас, дека оваа политичка партија стана синоним на лицемерие, дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикува на истите.

Не можете да бидете проевропски и да вршите притисок врз судството.

реклама

Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја коруптивна афера.

Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата.

Ова е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за ЕУ и уставните измени. Тие имаат потреба Груевски да се обиде да направи политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во концентрациона влада, пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ.

Искрено жалам за нивото на кое паднаа Али Ахмети и ДУИ, а тоа народот жестоко ќе го казни на денот на изборите!

Почитувани граѓани и почитувани медиуми, во оваа битка сме заедно, ние здружената албанска опозиција, народот, чесните судии, меѓународниот фактор, додека се гледа кој е против нас, корумпирани политичари кои спасот го гледаат во враќањето на Груевски.

Уште еднаш им ја изразуваме нашата бескомпромисна поддршка на судиите од Врховниот суд и ги повикуваме да судат според законот.

Правдата пред се, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото!“, велат од Албанскиот опозициски фронт.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралискиот премиер: „Животот на секој Палестинец е важен како и животот на секој Израелец“

Следно

На католичката црква ѝ фалат колешки

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop