Раим Бајрами претседател на УО на АЦВ, Горан Герасимовски на Советот за статистика

November 2, 2023
1 min read

реклама


 Собранието денеска го избра Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај, од Кичево, за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Со одлуката на Собранието, донесена на 129. седница, се продолжува ангажманот на Бајрами на истата функција, откако му истече мандатот со претходната одлука во 2019 година. За член во УО на АЦВ, пак, е избрана Весна Милосавлевска, дипломиран правник од Скопје и вработена во ова регулаторно тело.

Со одлука на Собранието, нов претседател на Советот за статистика градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а од таа позиција е разрешен проф-д-р Благоја Маркоски. Разрешени се досегашните членови на советот и именувани се нови.

реклама

Собранието донесе одлука со која за механизмот граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител ги избра Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права Скопје. Со одлука за Собранието за нов член на Агенцијата за пошти е именуван Владимир Кироски, дипломиран инженер, архитект од Скопје.

Именувани се и член на Државната комисија за жалби по јавни набавки,  на Комисијата за заштита на конкуренција претседател, како и претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „22 Ноември“, „Мето Јовановски“. 

реклама

Седницата продолжува со расправа по останатите предложени одлуки за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско претстапништво….

На почетокот на седницата не беше прифатен Предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка законот за амнестија што го предложи министерот за правда Кренар Лога, додека поднесената интерпелација за работата на државниот и јавен обвинител Љубомир Јовески е ставена како 27. точка на дневниот ред. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Њујорк отворена изложбата „Istanbul Photo Awards 2023“

Следно

Австралискиот премиер: „Животот на секој Палестинец е важен како и животот на секој Израелец“

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop