Контроли на Бит Пазар, Зелен Пазар и пазарите во Тетово и Ченто: Запленети пиротехника и режан тутун кои нелегално се продавале

October 30, 2023
1 min read

реклама


Денеска  (30.10.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со царински службеници од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности за сузбивање на криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.

При контролата на Бит Пазар во Скопје констатирано е дека повеќе физички лица на импровизирани тезги вршат недозволена продажба на режан тутун, а со тоа избегнуваат плаќање акциза, како и поголема количина на пиротехнички средства, кои се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и глоби од пазарните инспектори.

реклама

Голема количина режан тутун и цигари се одземени и од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје. На Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, за што исто така ќе следуваат соодветни поднесоци.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Настова: Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен, лековите се издаваат исклучиво врз основа на лекарски извештај

Следно

Владиката Јован: Срушени се сите бариери меѓу мене и архиепископот Стефан

Latest from Blog

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop