(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со владиката Јован – имам неизлечива болест, но не се пензионирам

October 30, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува ново-стариот владика на МПЦ-ОА, г. Јован (Вранишковски), се емитува вечерва (30 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во новото издание на емисијата „360 степени“, кое се емитува вечерва (30 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1, имаме несекојдневен соговорник – до скоро за мнозинството во земјава познат како расколникот Јован Вранишковски, а од неодамна повторно владика на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). По решавањето на црковниот спор на релација Скопје – Белград или Охрид – Пеќ, автономната црква под закрилата на СПЦ, на чие чело беше Јован, се реинтегрира во МПЦ-ОА и, според договорот, Јован стана митрополит крушевско-демирхисарски. Интронизацијата се случи на 3 септември во црквата „Свети Никола“ во Крушево. Интервјуто го снимивме во битолско Нижополе, на Пелистер, во манастирскиот комплекс „Свети Јован Златоуст“, каде што престојува владиката Јован.

Разговараме за првата средба со поглаварот Стефан по 20 години, за времето поминато во затвор, за неговата здравствена состојба, Нишкиот договор и одлуката да влезе во канонско единство со СПЦ, последната фаза од преговорите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, дали МПЦ-ОА е призната автокефална црква со томосот од СПЦ, односите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија и очекувањата од неа, односите внатре во МПЦ-ОА…

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп

Следно

„Подобро со социјална помош отколку со работа“ – Социолог: Се злоупотребува, примаат помош и работат на црно

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop