Промоција на изложбената поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева во Мала станица

October 30, 2023
1 min read

На 1 ноември (среда), со почеток во 20:00 часот, во Мала станица, ќе се одржи промоција на збирката поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева, во издание на „Полица“.

Станува збор за збирка од 24 песни, кои се, пред сè, поврзани со Скопје. Овие длабоко емотивни песни, Митева во соработка со седуммина други уметници ги има претворено во нова, хибридна форма што таа ја нарекува изложбена поезија. Имено, збирката се состои од 24 постери, на кои е илустрирана по една од песните и наместо меѓу корици како книга, сместена е во папка.
Темите кои се во фокус на поезијата се прелеваат од општествениот живот во капиталистичкото уредување, предизвиците на урбаното живеење, преку секојдневните соочувања со системот, до многу интимни и длабоки човекови емотивни состојби кои се нераскинлив дел од општественото битисување.

Илустрациите ги потпишуваат седуммина уметници од визуелната уметност, сликари, вајари, дизајнери, илустратори и тоа: Зоран Кардула, Владимир Мартиновски, Александар Стојчевски, Катерина Јовчевска, Филип Ивановски – Пепе, Филип Мартиновски и Ања Ангеловска.

Уметниците работеа со четирите „бои на ноќта“ и преку своите илустрации имаа предизвик да го претстават своето видување на различните теми на песните.

Лидија Димковска, поетеса, прозаистка, преведувачка и добитничка на наградата „Стале Попов“ и на Европската награда за литература за „Стражари на ноќта“ ќе каже: Оваа изложбена поезија има призвук на рок-поезија, обработува урбани, општествени, социјални, геополитички, емотивни и егзистенцијални теми на сленговски јазик, кои го отсликуваат македонското и универзалното секојдневие на игрив начин, неретко со ритам и внатрешна рима, со филмски колажи и игри на зборови.

24-те постери со поезијата на Марија Митева ќе бидат изложени во Мала станица во среда (1 ноември), а поставката ќе може да се разгледа вечерта при промоцијата, како и во следните денови до 5 ноември.

„Стражари на ноќта“ е прва збирка поезија на Марија Митева (1995), која доаѓа три години по нејзината прва збирка раскази „Највисокото дно“ (2020), и таа во издание на „Полица“. Авторката припаѓа на генерацијата најмлади автори во современата македонска книжевност.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициска акција „Синџир“ во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид

Следно

Кинеските научници пак чепкаат по вируси

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop