На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, која во придружба на делегација на Европската Комисија, престојува во официјална посета на Република Македонија, информира владината прес служба.
Премиерот Ковачевски и претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен, ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок на двете делегации.
Теми на разговор ќе бидат процесот на евроинтеграции на државата, скрининг процесот и реформите во државата како и преставување на Планот за раст на земјите од Западен Балкан и останатите отворени прашања на Западен Балкан и состојбите во регионот.
По завршувањето на билатералниот состанок на делегациите, предвидено е премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен, да одржат заедничка прес-конференција, стои во соопштението.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.