Италијанска премиера на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија во Трст

October 30, 2023
1 min read

Македонскиот филм „М“ во режија на Вардан Тозија на 1 ноември ќе биде прикажан на фестивалот Trieste Science + Fiction Festival. Ова е италијанска премиера на филмот работен по сценарио на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург, со мнозинска македонска продукција.

23. издание носи многубројни настани и филмски премиери кои не треба да се пропуштат и кои ја потврдуваат меѓународната слава на фестивалот за научна фантастика во Трст како иновативен, влијателен и динамичен настан, велат организаторите.

Фестивалот во Трст се одржува од 27 октомври до 1 ноември во организација на Центарот за кинематографско и аудиовизуелно истражување и експериментирање La Cappella Underground, кој ги носи најдобрите продукции од жанрот фантазија на големо платно.

Оваа година има над 50 светски, меѓународни и национални филмски премиери во три натпреварувачки програми во присуство на режисери, актери и автори од целиот свет.

Фестивалот на научна фантастика во Трст отсекогаш бил во првите редови на истакнување на важни актуелни прашања, со фокус на квалитетот кој е незаменлив. Секогаш еден чекор понапред од космичката крива, мисијата на фестивалот е да го поттикне жанрот во нови возбудливи насоки за нашата публика која постојано се зголемува, вели уметничкиот директор на фестивалот Алан Џонс.

Во дистописката приказна на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила улогите ги толуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.
Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.
Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема активни пожари, викендов изгаснати 20 пожари на отворено

Следно

Ковачевски ја пречека претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop