Нема активни пожари, викендов изгаснати 20 пожари на отворено

October 30, 2023
1 min read

реклама


Пожарникарите викендов изгаснале 20 пожари на отворено, а утрово нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во саботата имало шест, а вчера 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата.

реклама

ЦУК соопшти дека вчера гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча.

Дел од пожарите биле во општините Велес, кај село Иванковци,  Валандово, кај село Марвинци, Струмица, кај село Баница, Кичево, кај село Осломеј, Неготино, кај месноста „Чоркова Чешма“, Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп, Старо Нагоричане, кај истоименото село Старо Нагоричане, Штип, во месноста „Мирјанина Црква“. 

реклама

Во Тетово имало два пожара, кај село Теарце, каде горела ниска вегетација и кај село Ратае. 

Во Општина Куманово имало четири пожари, кај селата Речица, Оризаре, Горно Коњаре и кај село Пчиња. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Koja e Урсула Фон дер Лајен: За неколку месеци и завршува мандатот, се допишуваше со шефот на Фајзер од приватен маил, бришеше податоци од службен телефон

Следно

Италијанска премиера на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија во Трст

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop