Тодоров: Груевски е лут на Мицкоски – „ВМРО-ДПМНЕ има корист од измените на кривичен затоа не ги спречи“

October 28, 2023
1 min read

реклама


ВМРО-ДПМНЕ не ги спречи измените на Кривичниот законик бидејќи има корист од тоа. Вака во емисијата „Анализа 21 со Борјан Јовановски“ рече поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

„ВМРО не го спречи тоа“, вели Никола Тодоров.

реклама

Борјан Јовановски: Затоа што има и нивни членови кои профитираа од тоа?!

„Сега мора да сме чесни до крај така? ВМРО не го спречи, иако беше на седницата“, додава Тодоров.

реклама

Караницата меѓу Груевски и Мицкоски ја гледа како непотребна.

„Видете, мислам дека…Можеби и да немам некои информации, ставам една ограда на целата оваа работа, но мислам дека Мицкоски згреши што прв го нападна Груевски. Мислам дека Груевски немаше прв да го нападне Мицкоски, а уште помалку да го нападне ВМРО“, вели Тодоров,

реклама

Тодоров открива и дека Груевски е лут на Мицкоски.

„Никола е прилично гневен. Го гледам тоа. Прилично му е лут“, вели Тодоров.

„По што гледате?“, прашува Јовановски.

„По објавите што ги има“, одговара Тодоров.

Од студиото на ТВ21 испрати и порака до Мицкоски.

„А мислам дека не му е потребно тоа сега на Мицкоски. Тој води на анкети. Го има трасирано патот на еден начин до победата. Продолжи по тој пат. Прво и основно ти е победи го СДСМ. Па ако имаш нешто дигни телефон. Никола вистина ли е ова? Во услови кога Груевски секојдневно го напаѓаше СДСМ немаше потреба тој да тргне прв во таква битка, ако имал некакви информации и докази, тогаш можел да ги чува“, вели Тодоров.

На Уставните измени гледа како жртва на изборниот резултат, бидејќи партиите размислуваат повеќе на исходот од изборите отколку на иднината на Македонија кон ЕУ.

Борјан Јовановски: Дали Никола Груевски ќе се врати во државата?

Никола Тодоров: Е тоа не знам. Не знам тоа.

Емисијата во целост е утре од 20 часот на ТВ21.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа порасна на 7.703

Следно

Скопјанец бил физички нападнат по сообраќајна незгода

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop