Комуникациите и интернетот во Газа и понатаму во прекин

October 28, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска денес продолжи со своите немилосрдни напади врз Појасот Газа по речиси целосниот прекин на телекомуникациските и интернет мрежите, јавува Анадолу.

Репортерите на Анадолу кои се на терен јавија дека бомбардирањето главно е концентрирано во близина на болницата Ал-Шифа и Индонезиската болница.

Интернетот и комуникациите беа прекинати откако израелската војска соопшти дека го интензивира бомбардирањето на Газа и дека нејзините копнени сили ги „прошируваат операциите“. Меѓународните хуманитарни агенции рекоа дека не биле во можност да контактираат со своите вработени.

Лин Хестингс, координаторката на ОН за Палестина, рече: „Газа го загуби контактот со надворешниот свет“.

„Пресечени телефонски линии, интернет, мобилни мрежи. Болниците и хуманитарните операции не можат да продолжат без комуникации, енергија, храна, вода, лекови. Безбедноста на цивилите, вклучително и на здравствените работници, персоналот на ОН, е под сериозен ризик. Војните имаат правила. Цивилите мора да бидат заштитени“, истакна таа на платформата X.

„Палестинските цивили се веќе под опсада во окупираниот Појас Газа, а сега се и под целосен прекин на комуникациите“, рече Ерика Гевара-Росас, виша директорка за истражување, застапување, политика и кампањи во Амнести интернешнал.

„Го повикуваме Израел веднаш да стави крај на неселективните и непропорционални напади кои веќе убија и повредија толку многу цивили, од кои над 3.000 деца. Интернетот и телекомуникациската инфраструктура, исто така, мора итно да се обноват, за да се овозможат спасувачките операции поради израелските воздушни напади и проширувањето на копнените операции“.

Конфликтот започна на 7 октомври кога палестинската група Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“ – ненадеен повеќестран напад со бараж ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас истакна дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата Ал Акса и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската војска потоа започна немилосрдно бомбардирање на позиции на Хамас во Појасот Газа. Кампањата се интензивира синоќа, откако војската соопшти дека ги проширува операциите на воздушните и копнените операции на територијата. Исто така, го прекина интернетот и комуникациите во енклавата под опсада.

Најмалку 7.326 Палестинци загинаа во израелските напади. Според официјалните податоци, околу 70 отсто од палестинските жртви се жени и деца.

Бројот на загинати во Израел изнесува над 1.400.

2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг на храна, вода и лекови поради масовното воздушно бомбардирање на Израел и целосната блокада на енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) На Курто Дудуш му никна дивоградба и пред општина, тој е рамнодушен

Следно

Албанска опозиција: Од понеделник доаѓаат молњи, ќе им се наруши удобноста на некои, но за Албанците ќе се роди надеж за промени

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop