Малолетник украл пари од турист од Сингапур во Скопската чаршија

October 27, 2023
1 min read

Малолетник украл пари од странски турист во Старата скопска чаршија. 

– На 26.10.2023 во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот од ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, казнива по чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ казниво по чл.201 од Кривичниот законик, додаваат оттаму. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК загрижена за состојбата во правосудството на РСМ – Рејндерс: Треба да се увериме да не застарат делата

Следно

„Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, превентивна активност на СВР Тетово

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop