Шукова: Ќе има пријави за опасниот отпад на брегот на Лепенец

October 27, 2023
1 min read

реклама


Министерката за животна средина и просторно планирање  Каја Шукова најави пријави за одговорните во случајот со депонирање на опасен отпад од оловна згура во близина на реката Лепенец, а се чека на хемиските анализи кои се во тек.

На новинарско прашање до каде е истрагата на инспекторите кои ја проверуваат документацијата на компанијата која е осомничена, министерката Шукова потврди дека државниот инспекторат започнал со истрага, а резултатите ќе бидат познати најдоцна до вторник. Во моментов се работат хемиски анализи, по што, како што нагласи, ќе се знае за каков отпад станува збор и колку е тој опасен

реклама

– Додека не ги добиеме официјалните лабораториски резултати, може само да шпекулираме и би оставила рок за уште два – три дена. Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката Каја Шукова.

За случајот со оловна згура на брегот на реката Лепенец на територијата на општина Ѓорче Петров беше отворен предмет за инспекциска постапка. Од локалната самоуправа информираа дека на нивна територија не постои фирма со „А“ интегрирана дозвола што преработува ваков тип на отпад.

реклама

При редовна обиколка на територијата овластен инспектор за животна средина регистрирал одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.

Од Државниот инспекторат за животна средина потврдија дека отпадот бил лоциран минатата недела.

реклама

– Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл. Весник на РМ бр. 100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово, 10 04 01*-троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН предупредуваат: Газа се наоѓа на работ на огромна здравствена опасност

Следно

Стоилковски: Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија?

Latest from Blog

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат
Go toTop