Џафери: Роковите за избори мора да се запазат, партиите до Нова година да се договорат и да ме информираат за датум

October 26, 2023
2 mins read

Вториот круг од претседателските избори може да се одржи на 8 мај, но тоа веќе е краен рок со кој ризикуваме да останеме без претседател и да мора да се распишат нови избори. Ова оттаму што не можеме да гарантираме како ќе помине вториот круг од изборите, дали ќе има потреба од прегласување. Ако треба да се прегласува на некои места, јас морам да дадам рок од 14 дена за тоа. Тогаш го поминуваме рокот 12 мај и ќе останеме без претседател, рече Џафери

До Нова година партиите треба да се договорат и да постигнат консензус за датумот на претседателските избори со цел да се запазат уставните рокови. Парламентарните избори се друга приказна и за нив има други рокови, порача денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинарите. Што се однесува до формирањето работни групи за изборите, Џафери посочи дека им кажал на координаторите на пратеничките групи да размислат за изборниот процес и за сите обврски кои произлегуваат од него.

„Тие треба да кажат дали се подготвени да седнат да разговараат. Јас немам намера да ги викам и да им наметнувам нешто. Не примам пораки преку Фејсбук. Ако се договорат нешто, нека дојдат и нека ме информираат бидејќи јас сум претседател, а тие се координатори“,

дециден беше спикерот на парламентот и додаде дека според Уставот и законите, тој ќе распише редовни избори, освен ако политичарите не се договорат евентуално за предвремени парламентарни избори.

Претседателските избори не можат да бидат предвремени и тие треба да се одржат во рок од 60 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, односно новоизбраниот претседател мора да биде инаугуриран на 12 мај. Согласно таа рамка од 60 дена, според Џафери, претседателските избори треба да се одржат, првиот круг најрано на 14 март и вториот круг најдоцна на 12 мај.

„Вториот круг од претседателските избори може да се одржи на 8 мај, но тоа веќе е краен рок со кој ризикуваме да останеме без претседател и да мора да се распишат нови избори. Ова оттаму што не можеме да гарантираме како ќе помине вториот круг од изборите, дали ќе има потреба од прегласување. Ако треба да се прегласува на некои места, јас морам да дадам рок од 14 дена за тоа. Тогаш го поминуваме рокот 12 мај и ќе останеме без претседател“,

објасни Џафери коментирајќи го предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ парламентарните избори и вториот круг од претседателските да се одржат на 8 мај.

Според него, доколку партиите се согласат за овој датум, тоа ќе биде на нивна одговорност.

„Јас би ги распишал изборите така што сигурно би дал 14 дена за евентуално прегласување“,

нагласи Џафери, што значи дека вториот круг од претседателските избори би се одржале најдоцна на 28-29 април 2024 година.

Лесно е, додаде спикерот, да се прават наративи дека е добро да заштедиме и парламентарните и претседателските избори да се одржат во ист ден, но штетата од тоа да останеме без претседател е многу поголема.

Ако партиите немаат согласност и калкулираат, додаде Џафери, јас тоа нема да го оставам така, нема да дозволам да се излезе надвор од она што е пропишано.

„Должен сум тоа да го направам и да обезбедам дополнително време за да не останеме без претседател“,

посочи претседателот на Собранието.

Што се однесува до парламентарните избори, според уставниот рок од 90 дена, тие би можеле да се распишат најрано на 5 мај 2024 година, објасни спикерот. Сè што е пред 5 мај, се предвремени избори и тогаш важат други рокови. Во врска со парламентарните избори, треба да се има предвид и рокот за формирање техничка влада, 100 дена пред нивното распишување.

„Затоа, кога господата ќе кажат дека сакаат, мора да се изгласа техничка влада“,

рече Џафери.

Претседателот на Собранието, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека за уставните измени не е ништо променето, односно дека седницата е на чекање.

Тој информира дека пратеници од Беса и Алтернатива поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија.

За предложениот нов деловник на Собранието, чиј предлагач е Џафери, утре почнува амандманската расправа. Како што информира спикерот, поднесени се повеќе амандмани и тоа од пратениците од Левица, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, и од собраниските служби кои ќе ги поднесе тој како предлагач. Триесетина од нив се прифатени и за нив има консензус. Се очекува новиот деловник да биде донесен и најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на седницата на 2 ноември.

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот мандат, односно тоа првпат ќе биде со свикување на конститутивната седница за следниот парламентарен состав. Новина е дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Блек рок бараат потпретседател во Србија

Следно

Бројот на загинати во израелските напади врз Газа се искачи на 7.028

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во
Go toTop