Во Северна Македонија отворен новиот објект на Одделот за форензички испитувања

October 25, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија се отвори новиот објект на Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи (МВР), јавува Анадолу.

На отворањето на објектот присуствуваа владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, пратеници, директори на одделите на МВР, пратеници, како и амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски рече дека станува збор за најголем објект за форензички испитувања во регионот.

„Првпат во историјата на службата за форензички испитувања во Република Северна Македонија на вакво високо ниво ги унапредуваме условите за работа на припадниците на МВР, а од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории ќе им бидат корисна алатка на полицијата и на правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена ефикасност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европските практики и стандарди“, рече Ковачевски, додавајќи дека инвестицијата за новиот објект е во рамките на ИПА програмата.

Домаќинот на настанот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека изградбата на нов објект за форензички испитувања претставува значајна капитална инвестиција за иднината на македонската форензика. Притоа, тој упати благодарност кон ЕУ за понудената поддршка.

„На мое огромно задоволство денес можам да кажам дека ја добиваме најголемата и најсовремената форензичка лабораторија на Балканот. Новите простории, дизајнирани според потребите на различни форензички дисциплини, ќе претставуваат и дополнителен мотив вработените да продолжат со квалитетно извршување на деликатните задачи”, рече министерот Спасовски.

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, во својот говор ја истакна важноста на форензиката во истрагите и гонењето на криминалот.

„ЕУ постави минимални стандарди за форензичката практика во сите земји членки на ЕУ, стандарди што треба да ги спроведат и идните членки. И овој проект има цел да го направи токму тоа. ЕУ обезбеди специјализирана форензичка опрема и ја финансираше изградбата на оваа убава зграда во која е сместен одделот, во вредност од 3,6 милиони евра”, рече амбасадорот Гир.

По воведните говори високите претставници разгледаа неколку простории во објектот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Груби во нов скандал: Tендер од 2,6 милиони на Лотарија со компаниja блиска до кланот Зајас

Следно

АД ЕСМ: Се е подготвено претстојната грејна сезона

Latest from Blog

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,

Божиновска: Нема да дозволиме јавниот интерес и животната средина да бидат ставени во втор план

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беа презентирани резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со која се потврдува дека предложените законски решенија

Тоневски: Инвестираме во подобри услови за учениците и спортот во Пробиштип

Општина Пробиштип ќе реализира значајна инвестиција во СОУ „Наум Наумовски-Борче“, со која ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, како и спортската инфраструктура во училиштето. Како што информира градоначалникот на
Go toTop