На изложбата „Попаметен град“ изведен перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01.“

October 25, 2023
1 min read

На изложбата „Попаметен град“, која е дел од фестивалот АКТО 18, беше изведен дел од процесот/перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01.“

Во работниот процес беа вклучени студенти од Архитектонски факултет и Факултетот за драмски уметности ки други сродни уметнички факултети во земјава. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект „Градот како сцена: изведување на јавниот простор“, проект поддржан од Програмата за култура на швајцарската амбасада. Проектот „Попаметни граѓани“ во следната фаза 02 ќе биде претставен на овогодинешниот театарски фестивал МОТ.

Процесот на работа вклучува развој на метода за читање на градот и на различните урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор. За таа цел на изложбата се дискутираа можни решенија, идеи, како и концепти за јавните простори во Скопје.


Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал (Shadow Casters – Загреб) во соработка со креативниот тим од платформата „Градот како сцена“: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успешната приказна на Палма Мол од Тетово продолжува, во петок отвoрање на нов ексклузивен дел

Следно

Зошто малиот Нетанјаху уште е во Мајами?

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop