Косово: Златан Елек нов претседател на Српска листа

October 24, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – За нов претседател на Српската листа денеска е избран Златан Елек, досегашниот директор на Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица, пренесува Анадолу.

Во Северна Митровица се одржа изборно собрание на Српската листа, а досегашниот претседател на најголемата партија на косовските Срби, Горан Ракиќ, повеќе не е во потесното раководство на партијата.

По терористичкиот напад на вооружена група Срби врз косовската полиција на 24 септември во Бањска, Милан Радоичиќ призна дека бил на челото на таа група и поднесе оставка на местото потпретседател на Српската листа.

На денешното изборно собрание за потпретседатели на партијата избрани се Драгиша Миловиќ, Далибор Јевтиќ, Драгана Антонијевиќ, Тања Вујовиќ и Иван Запорожац. За односи со јавноста ќе биде задолжен Игор Симиќ.

Српска листа на почетокот на ноември минатата година излезе од централните косовски институции и од сите косовски институции на северот на Косово, како одговор на одлуката на Владата на Косово за задолжителна пререгистрација на возилата од старите српски на регистерски таблички со ознаката РКС.

Српска листа потоа одби да учествува на локалните избори одржани во април годинава во четирите општини на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.

Меѓутоа, на 13 октомври годинава, челниците на Српската листа изјавија дека се подготвени да учествуваат на изборите на северот на Косово, откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика во што покус рок да организираат избори во општините на северот. Тие потоа ја повикаа Владата на Косово што поскоро да распише избори за нови градоначалници и советници на собранијата на општините на северот, а градоначалниците и советниците Албанци итно да поднесат оставки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелката ослободена од Појасот Газа била затворена во тунел

Следно

Израелските воени авиони бомбардираа 2 куќи во Газа: Има жртви

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop