Бајден го повика Нетанјаху да го одржи протокот на итно потребната помош за Газа

October 24, 2023
2 mins read

Телефонскиот разговор на Бајден со израелскиот премиер доаѓа откако на трет конвој од 20 камиони со помош му беше дозволен влез од Египет во Газа, преку граничниот премин Рафах, но во него, како што наведоа од Обединетите нации (ОН), не било вклучено и гориво. Според проценките, во Газа има гориво само за уште два дена

На ситуацијата на Блискиот Исток и во Појасот Газа вчера се осврна и поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Тој посочи дека израелската опсада и бомбардирањето на Газа по нападот на Хамас на 7 октомври може да ги поткопа долгорочните напори за постигнување мир и стабилност во регионот

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја истакнал потребата од одржување на континуиран проток на хуманитарната помош која е итно потреба во Газа, соопшти Белата куќа.

Од посетата на Бајден на Израел и разговорите со премиерот на земјата, Нетанјаху / Фото: Архива

Телефонскиот повик доаѓа откако на трет конвој од 20 камиони со помош му беше дозволен влез од Египет во Газа, преку граничниот премин Рафах, но во него, како што наведоа од Обединетите нации (ОН), не било вклучено и гориво. Според проценките, во Газа има гориво само за уште два дена.

Жителите на Појасот, како што посочува „Гардијан“, веќе се борат да дојдат до чиста вода, а недостигот на гориво значи дека постројките за прочистување вода, на кои Газа се потпира во голема мера, како и пекарниците и болниците, ќе престанат да функционираат.

Претставници на ОН велат дека дневно ќе бидат потребни околу 100 камиони со помош за да се задоволат основните потреби во Газа, каде што живеат 2,3 милиони луѓе, од кои 1,4 милион сега се бездомници.

Во телефонскиот разговор, Бајден го информирал израелскиот премиер за американската поддршка на Израел и за тековните активности што САД ги преземаат во регионот, а кои вклучуваат дополнителни воени распоредувања, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Претседателот на САД го поздравил ослободувањето на двајца заложници од Газа и ја потврдил својата посветеност во напорите да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници, како и безбеден премин за американските граѓани и другите цивили во Газа.

Бајден минатата недела, односно на 18 октомври, го посети Израел, каде што разговараше со премиерот Бенјамин Нетанјаху. За време на своето обраќање од Тел Авив, американскиот претседател изрази жалење за загубените животи за време на нападите во Израел од страна на Хамас, но, исто така, ги предупреди Израелците дека иако можеби чувствуваат бес не треба да бидат обземени од него.

На ситуацијата на Блискиот Исток и во Појасот Газа вчера се осврна и поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Тој посочи дека израелската опсада и бомбардирањето на Газа по нападот на Хамас на 7 октомври може да ги поткопа долгорочните напори за постигнување мир и стабилност во регионот.

„Иако го поддржуваме Израел, исто така треба да ни биде јасно дека е важно како Израел ја води оваа борба против Хамас“,

рече поранешниот американски претседател во изјавата во која исто така го истакна „правото на Израел да ги брани своите граѓани од насилство“,

Обама истакна дека светот внимателно гледа како се одвиваат настаните во регионот, а секоја израелска воена стратегија што ги игнорира човечките жртви на крајот може да има спротивен ефект.

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама / Фото: EPA-EFE/PHILIP DAVALI DENMARK OUT

Илјадници Палестинци, вклучително и многу деца, се убиени во израелските напади врз Газа, додека стотици илјади беа принудени да ги напуштат своите домови, напиша Обама.

„Одлуката на израелската влада да ги исклучи храната, водата и електричната енергија за цивилното население се заканува не само да ја влоши растечката хуманитарна криза, туку тоа може дополнително да ги зацврсти палестинските ставови со генерации, да ја намали глобалната поддршка за Израел, да им биде корист на непријателите на Израел и да ги поткопа долгорочните напори за постигнување мир и стабилност во регионот“,

вели Обама.

Инаку, станува збор за, како што посочува „Гардијан“, за ретка надворешнополитичка интервенција на Обама и засега останува непознато дали изјавата на поранешниот американски претседател е координирана со администрацијата на Бајден.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Џон Стујарт избркан од Епл ТВ

Следно

Израелската војска приведе над 50 Палестинци во окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш
Go toTop