Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака, Мицкоски му даде на Ковачевски предлог за термин за избори

October 23, 2023
1 min read

Како што оцени Мицкоски, „оваа Влада, преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза“

Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог на Ковачевски. Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака помеѓу двата најголеми верски празника идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето на настанот по повод 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години ВМРО.

Порача дека „обновата ќе дојде, а промените ќе бидат онолку силни, колку што ќе биде силна поддршката“.

Како што оцени Мицкоски, „оваа Влада, преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза“.

„Срамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зашто ниту министрите, вицепремиерите и кај него во партија му имаат почит. Затоа е оддаден на шетање по светот и компаниите. Но, мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени. Заветот на Организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме се да ја кренема Македонија на здрави нозе“,

истакна Мицкоски.

Тој рече и дека не сака да биде предмет на уцени при создавањето на идната влада.

„Затоа, го замолувам секој граѓанин да се вклучи и да излезе на следните избори масовно. Важно е гласот на секој човек да има важност. Лошите политичари се на власт, зашто тие ја користат неодлучноста на оние кои не гласаат. Воедно, народот треба да биде свесен за данајските игри на оние во опозицијата стимулирани од власта да глумат патриоти и да го ситнат отпорот против оваа власт. Нив ќе ги препознаете што имаат по некоја критика за власта, колку за да помислите дека се опозиционери ама за се друго и по професија и норма се критичари на опозицијата. Со часови навредуваат, плукаат, анализираат луѓе од опозицијата. Неприродно се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ кога ја имаме најнеспособната власт. Тие треба кај народот да внесат сомнеж за опозицијата и со секој нејзин потег и да ве одвратат од гласање. Мојата порака е не им верувајте, внимавајте. Одговорот на ова треба да биде да не пропадне вашиот глас за тие опозиционери и опозиција на опозицијата, туку масовно да се поддржи единствената сила способна и подготвена за промени ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“,

порача Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рустеми ветува дека автопатот е при крај – до крајот на годината првите 2 километри ќе бидат спремни

Следно

Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода и затоа сакаат многумина други да ја присвојат и да ја прикажат за своја

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop