Бериша: Обвинувањата против мене и семејството се неосновани, ниски удари на Рама за да се запре отпорот на опозицијата

October 22, 2023
1 min read

Поранешниот албански премиер Сали Бериша доцна синоќа  одржа итна прес-конференција во врска со изречените безбедносни мерки за него и апсењето на  неговиот зет за ќерка Јамарбер Малтези.

Бериша рече дека обвинувањата против него и семејството се неосновани и оти тоа се ниски удари на премиерот Еди Рама за да се запре отпорот на опозицијата.

-Рама влезе во својата политичка агонија! Тој е шокиран до срж од неговите криминали, од аферите во кои нема правда на светот што го спасува, аферата Мекгонигал, аферата со печките за горење отпад,  аферата со стерилизаторите,  аферата со пристаништето Драч, аферата Бутринти, обвини тој, наведувајќи и незаконски добиени тендери од членови на семејството Рама.

Додаде дека  за да се обвини Сали Бериша за „перење пари“ треба да се бидеш „без образ”, бидејќи неговиот имот е транспарентен.

-Обвинувањата се чисто политички. Сали Бериша е подготвен да направи се за својата кауза. Оваа битка е дел од мојата кауза. Рама покажа  дека ја воспоставил диктатурата. Да се ​​обвини Сали Бериша за перење пари мора да си без образ. Тие што кажуваат такви работи немаат ни образ ни карактер. Во ова нешто им само една вистина а тоа е дека Мелтази ми е зет, додаде Бериша.

На новинарско прашање дали се плаши од затвор тој категоричен: Подготвен сум на се, ќе стојам со сета сила.

Во седиштето на Демократската партија пристигнаа голем број пратеници и сопартијци за да му изразат поддршка.

По наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, Малтези беше уапсен синоќа на аеродромот во Тирана и според најавите денеска ќе се најде пред суд.

На Бериша одредена му е мерка „задолжително јавување” и одземена му е патната исправа.

Се товарат за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот, поврзани со приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“.  (МИА)

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поетесата Крлуку: ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и писателите кои се жртвуваа за постоење на слободата на говорот

Следно

Бесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop