Поетесата Крлуку: ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и писателите кои се жртвуваа за постоење на слободата на говорот

October 22, 2023
1 min read

Поетесата Делвина Крлуку, која е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), порачува ДПМ да ја зачува традицијата и да ја издигне културата и уметноста на заслужното место.

Во писмо насловено „ДПМ – Дом со високо уметничко ниво“, поетесета Крлуку вели дека ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и заради писателите кои жртвувале се во животот за постоење на слободата на говорот во која, како што вели, денес ние уживаме.

Гледајќи ги најновите случувања внатре во „куќата на писателите“ расфрлена и поделена, жалиме како писатели, пред се поради фактот што ДПМ е основано од најистакнатите уметнички имиња на Република Македонија, пред точно 75 години. Оваа „куќа“ е наследена од еден до друг писател, опкружена со одреден број луѓе од уметноста за да ја водат, пишува Крлуку.

Таа посочува дека Друштвото на писателите на Македонија е најголемата куќа на поетите, прозаистите, романсиерите, драматурзите и книжевните критичари и дека вклучувањето во ДПМ бара исполнување на високи критериуми за пишување и знаење.

Секој писател кој ја сакаше и ја сака оваа куќа, особено културата, уметноста и литературата даде од себе, не само книги, туку и идеи. Идејата што беше корисна се реализираше, додека злите идеи беа и секогаш остануваат на точката на нанесување голема штета (нема ништо поопасно од голема идеја со мал мозок), наведува меѓу другото Крлуку.

Превирањата во ДПМ почнаа откако седум члена на Претседателството поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење. Изборното собрание е закажано на 25 ноември на кое се очекува да бидат избрани нов претседател на ДПМ, нов претседател на Собранието на ДПМ, ново Претседателство и членови на другите органи на оваа најголема писателската асоцијација во земјава.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Битола, пронајдени различни видови дрога, пушка и куршуми, приведен дилер

Следно

Бериша: Обвинувањата против мене и семејството се неосновани, ниски удари на Рама за да се запре отпорот на опозицијата

Latest from Blog

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на

Општина Прилеп: Сè повеќе домаќинства се вклучуваат во селекцијата на отпад, поделени над 500 бесплатни канти

Општина Прилеп продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад преку проектот „Регионално управување со цврст отпад“, реализиран од Министерството за животна средина и просторно планирање,

ВЛЕН: Изјавата на српската министерка е опасна и неприфатлива

ВЛЕН остро реагираше на изјавата на српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, која во интервју за српска телевизија изјави дека, доколку тогашниот претседател Слободан Милошевиќ имал целосна слобода

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.156,14 поени. Во
Go toTop