Илјадници луѓе ширум светот даваат поддршка за Палестина

October 22, 2023
1 min read

БЕРЛИН / ЛИЕЖ (АА) – Во голем број европски и светски градови вчера беа одржани протести за поддршка за палестинскиот народ, известува Анадолу.

Десетици илјади луѓе се собраа во Лондон на пропалестински протест, изразувајќи солидарност со народот на Палестина и упатувајќи барање за итен прекин на израелските воздушни напади во Газа.

Пропалестинските демонстрации ги преплавија улиците на главниот град на Велика Британија, а многумина носеа транспаренти на кои пишување „Слободна Палестина“.

Слични пропалестински протести се одржаа и низ цела Туркије, како и во Шпанија, Тунис, Германија, Ирска, Австралија и Јапонија.

Илјадници луѓе се собраа и на протестите на поддршка за Палестинците во Њујорк.

Во израелските напади на Појасот Газа досега животот го загубија 4.385 лица, соопштија вчера официјални претставници на палестинското Министерсвото за здравство, меѓу кои 1.756 се деца.

Борбите започнаа на 7. октомври, кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа. Оваа операција доби димензии на неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници.

Во нападите врз Израел загинаа повеќе од 1.400 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Деца без проблем купуваат „снус“ по трафиките, иако воопшто не треба да го има на полиците

Следно

Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop