Мировен самит во Каиро: „Го осудуваме меѓународниот молк за ситуацијата во Газа“

October 21, 2023
1 min read

КАИРО (АА) – Мировниот самит во Каиро почна со учество на бројни лидери од арапските држави, светот и Обединетите нации (ОН), за да се дискутира за судирот меѓу Израел и Палестина, известува Анадолу.

Со самитот претседава лидерот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси.

„Го осудуваме меѓународниот молк за ситуацијата во Газа и обидите за присилно раселување на Палестинците“, рече египетскиот лидер ел Сиси на самитот.

На самитот учествуваат и палестинскиот претседател Махмуд Абас, претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал Калифа и јорданскиот крал Абдула Втори.

На самитот присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Најмалку 31 држава и три меѓународни организации го потврдија учеството на Мировниот самит во Каиро.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данела Арсовска во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет

Следно

„Во Газа се убиени 16 палестински новинари“, објави МФН

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop