Лајчак во Приштина:Настаните од 24.септември не го менуваат фактот дека Косово и Србија мора да го исполнат договореното

October 21, 2023
2 mins read

ПРИШТИНА (АА) – Петмина европски и американски пратеници денес во Приштина на премиерот на Косово Албин Курти му рекле дека по терористичкиот напад на 24. септември, потребна е деескалација и нормализација на односите меѓу Косово и Србија поитно од кога било досега, известува Анадолу.

Во делегацијата што денес се состана со премиерот на Косово, Албин Курти, и неговиот заменик задолжен за дијалог, Бесник Бислими, беа специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателите на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Боно и Јенс Плетнер, како и дипломатскиот советник на премиерката на Италија, Франческо Тало.

Специјалниот претставник Лајчак во изјава за медиумите по состанокот рече дека делегацијата имала длабока и значајна дискусија со премиерот Курти и неговиот заменик Бислими за тоа како да се унапреди нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија за да се постигне напредок во примената на договорот на патот кон нормализација.

Лајчак рече дека заедно со Ескобар и советниците на лидерите на Германија, Франција и Италија внимателно го сослушале ставот на премиерот Курти, како и неговата загриженост по прашањето за безбедноста во северниот дел на Косово.

Тој истакна дека терористичкиот напад на вооружената група врз косовската полиција ескалирала без преседан, и дека му изјавиле сочувство на премиерот и најостро го осудиле нападот од 24. септември. Лајчак рече дека сите учесници во тој напад мора да бидат приведени и изведени пред лицето на правдата и дека од Србија се очекува полна соработка и конкретни акции во тој поглед.

„Настаните од 24. септември исто така многу јасно нагласија дека деескализацијата и нормализацијата од двете страни сега е поитна од кога било досега и дека какво било условување или одложување е неприфатливо. Исто така очекуваме Косово и Србија да ги исполнат сите обврски кои произлегуваат од дијалогот“, нагласи Лајчак.

Лајчак рече дека настаните од 24. септември не го менуваат фактот дека Косово и Србија претходно оваа година склучиле договор за патот на нормализација и дека косовскиот премиер Курти има одговорност да постигне напредок во нормализацијата на односите доколку Косово сака да напредува кон ЕУ.

„Тука сакам да подвлечам на потребата, без понатамошни одлагања, да се тргне напред кон воспоставувањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово. Без тоа нема да има напредок на патот на Косово кон Европа“, нагласи Лајчак.

Петмина европски и американски пратеници по Приштина се упатија за Белград, каде ќе се состанат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ова е нивна прва посета по терористичкиот напад на вооружената униформирана група Срби предводена од Милан Радоичиќ, која ја нападна Косовската полиција на 24. септември во Бањска, кај Звечан, во северниот дел на Косово. Во тој напад се убиени еден припадник на Косовската полиција, а во пресметката со полицијата се убиени тројца српски напаѓачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меџити: Од денес се инсталира новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија

Следно

Полицијата го депортираше отец Фотиј од Косово во Македонија

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop