„Уставните измени нема да се случат! Не може од небо да паднат осум луѓе и да променат страна“, вели Пендаровски во „Клик Плус“

October 19, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски во „Клик Плус“ на ТВ21 кое ќе биде емитувано вечерва во 21:30 часот, кажа дека уставните измени нема да се случат. Тој рече дека и покрај оптимистичките најави од премиерот Ковачевски и од министерот за надворешни работи Османи, дека не верува дека ќе се случат, барем не во следниот период.

„Нема да се случат уставните измени…“, вели Пендаровски.

реклама

ТВ21: Но, премиерот Ковачевски и министерот Османи се отпимисти дека ќе се случат?

Пендаровски: Знаете која е разликата меѓу нив и мене? Јас сум добро информиран реалист. За овој период, таман работа, мислам нема шанси. Инаку да би се случиле, би имало некои движења во Парламентот. Не може од небо да паднат осум луѓе и да променат страна. Не гледам индиција која упатува на таква разврска, инаку јас сум за. Сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаат потпишано нотарски изјави, иако правно немаат никаква тежина тие нотарски изјави. Претпоставувам дека тоа е пи-ар ефект, инаку во правна смисла нема ништо од тие нотарски изјави“, рече Пендаровски.

реклама

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Ме иритира тоа што нема никој да одговара за прислушувањето, и јас бев една од жртвите

Следно

Вешто лице сведочеше за Ласкарци: АБС системот на автобусот не бил исправен

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop