Бајден избегна да одговори на прашањето дали Израел во Газа дејствува во согласност со законите на војната

October 19, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден денес избегна да одговори на новинарско прашање дали Израел во Газа дејствува во согласност со законите за војна, јавува Анадолу.

„Господине претседател, дали Израелците дејствуваат во рамките на законите на војната за кои зборувавте минатата недела“, му постави прашање новинарот на Бајден.

Наместо да одговори на прашањето, Бајден рече:

„Мило ми е што разговарав со вас.“

Потоа ја напушти просторијата за новинари во германската воздухопловна база Рамштајн, каде што претседателскиот авион застана заради гориво на враќање кон Вашингтон.

За нападот врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, во кој во вторникот загинаа 471 лице, се обвинува Израел, иако тој негира вмешаност.

Тој инцидент, како и израелската „целосна опсада“ на Газа, со исклучување на водата, струјата и горивото, ги натера демонстрантите низ светот и многу набљудувачи да го обвинат Израел за кршење на правилата за војна.

Претходно Бајден ги негираше извештаите на израелските медиуми дека американски официјални претставници рекле дека доколку Хезболах почне војна против Израел, американската војска ќе ја поддржи израелската војска.

За можноста Израел да ја откаже долгоочекуваната копнена операција против Газа, Бајден рече дека израелските и американските воени претставници разговараат за тоа кои би можеле да бидат алтернативите.

Тој изјави дека продолжуваат напорите за евакуација на американските граѓани од Газа.

Во телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси по враќањето од Израел, Бајден рече дека Сиси се согласил да ја отвори границата за околу 20 камиони со помош да влезат во Појасот Газа.

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Бројот на загинати во израелските напади од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 3.785, а повеќе од 12.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барајте дебата, не цензура

Следно

Пендаровски: Велеа дека кривичниот законик бил за Груевски да се врати, по еден месец никаде не го гледаме Груевски

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop