Ковачевски: Се што е надвор од преговарачката рамка, да се дискутира во рамки на поширок политички дискурс

October 18, 2023
1 min read

реклама


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека уставните измени се заради исполнување на условот во Преговарачката рамка, и дека се друго надвор од рамката треба да се дискутира во рамки на поширок политички дискурс. 

Ковачевски одговараше на новинарско прашање поврзано со поддршката од опозициските пратеници на Албанците и со нивното барање за укинување на 20% во Уставот, како и со носење на закон за борба против корупија. 

реклама

-И затоа уставните измени предложени и усвоени на Комисијата за уставни прашања со мнозинство гласови и со утврден дневен ред на пленарната парламентарна сесија се заради исполнување на условот во преговарачката рамка. Се она што е друго надвор од преговарачка рамка секако дека претставува дискусија во рамки на поширок политички дискурс со оглед на тоа дека се работи за прашања од коишто дел се регулирани и со Охридскиот рамковен договор и за што секако ќе треба да има поголема вклученост на сите политички партии, меѓутоа не се поврзани со преговарачката рамка. Но, секое прашање поставено од политички партии коишто претставуваат граѓани по своја дефиниција е секогаш легитимно, рече Ковачевски.  

Во однос на пратениците, рече дека не може тие да се бараат преку посредници, туку тие се членови на Парламентот избрани од граѓаните и ги претставуваат граѓаните.

реклама

-Вие знаете дека оваа тема беше дел од работата на работната група за уставни измени формирана во рамки на Министерството за правда која што ги изработи уставните измени согласно со обврската која што ја имаме од преговарачката рамка. И овие уставни измени се носат заради исполнување на нашиот дел од преговарачката рамка со оглед дека во преговарачката рамка има одредби коишто треба ЕУ да ги исполни и коишто ги исполнија. Се одржа прва меѓувладина конференција, македонскиот јазик веќе е дел од јазиците во ЕУ, се потпиша Договорот ФРОНТЕКС, веќе е закажана втората меѓувладина конференција итн., и она што се однесува до нас треба ние да го направиме во Парламентот, рече, меѓу другото, Ковачевски.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Ковачевски не го коментира застарувањето на случајот „Таргет-тврдина“

Следно

Хрватскиот претседател: Напредокот на Албанија не е проследен со соодветни реакции од ЕУ

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир
Go toTop