Израелска војска: Болницата во Газа беше цел на „Исламски џихад“, имаме докази

October 18, 2023
1 min read

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле, бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции во светот, особено во арапскиот, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде што безбедносните сили употребија солзавец

Стотици загинати во израелски напад врз болница во Газа, соопштија палестинските власти, Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Војската на Израел објави дека по блиска проверка на системите за надзор, утврдила дека не бил израелски оган, туку ракети на „Исламски џихад“ кои ја погодиле болницата во Газа во вторникот вечерта, при што, според палестинските тврдења, загинале стотици луѓе.

„Сега имаме доволно информации, требаше време, но мораме да ја кажеме вистината, болницата не беше погодена од израелски удари. Во следните часови ќе обезбедиме докази за нашите тврдења“,

изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија на синоќешниот брифинг со новинарите.

Тој додаде дека во моментот на пукањето не вршеле никакви воздушни операции во близина на болницата и дека ракетите што ја погодиле зградата не се совпаѓале со нивните. Хагари посочи и дека војската ќе објави разговори на арапски што покажуваат дека виновникот за нападот е „Исламски џихад“.

„Исламски џихад“: Ова е лага и измислица

Дауд Шехаб, портпарол на „Исламскиот џихад“, изјавил за Ројтерс:

„Ова е лага и измислица, тоа е целосно лажно. Тие се обидуваат да го прикријат страшното злосторство и масакр што го извршија врз цивилите“.

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле, бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции ширум светот, особено во арапскиот, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде што безбедносните сили употребија солзавец за растерување на демонстрантите.

„Стотици жртви сè уште се во урнатините на болницата ’Ахли Арап’ во центарот на Газа, каде што загинаа од 200 до 300 луѓе“,

соопшти Министерството за здравство на палестинската територија под контрола на Хамас, кое го обвини Израел за пукањето.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој управува со палестинската територија на Западниот Брег, ја нарече експлозијата во болницата ’Ал Ахли’ ужасен воен масакр.

„Израел ги премина сите црвени линии“,

рече тој.

Експлозијата во болницата е најкрвавиот поединечен инцидент во Газа откако Израел започна серија бомбардирања како одмазда за нападот на Хамас врз јужните израелски заедници на 7 октомври, во кој загинаа 1 300 луѓе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

А што па Евреите не остават да бидат убиени?

Следно

СЗО: Ситуацијата во Газа излегува од контрола

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop