Христо Петрески по втор пат поднесе оставка од функцијата претседател на ДПМ

October 17, 2023
1 min read

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески денеска преку писмено соопштение повторно поднесе оставка од функцијата.

Почитувани, Ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека денес официјално поднесов оставка на местото претседател на Друштвото на писателите на Македонија, наведува Петрески.

Петрески на 9 октомври годинава поднесе неотповиклива оставка откако претходно осум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење од страна на претседателот на ДПМ. На 14 октомври, Петрески ја повлече оставката поради, како што наведе, барање на голем број членови на ДПМ и поради притисоци, уцени и закани.

Вонредното изборно собрание на ДПМ е закажано на 25 ноември.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела цитостатици

Следно

Почина 55-годишен затвореник од Скопје, му се влошила состојбата

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop