На Катедрата за современ танц при УГД гостува светски признатата кореографка и професорка на Кралскиот конзерваториум во Хаг Џоан Ван Дер Маст

October 17, 2023
1 min read

Во рамки на програмата за новата сезона, на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, гостува интернационално признатата кореографка и професор на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, Џоан Ван Дер Маст, која работи со студентите на прв циклус студии за современ танц.

Како што информираат од Катедрата, Џоан Ван Дер Маст која е експерт за Методологии на учење и Лабан анализа на движење, воедно одржува и часови за методологија и педагогија на постоечкиот професорски и наставнички кадар, со што се надградува комплетното знаење на тимот на професори на Катедрата за современ танц. Исто така, таа работи на многу престижни сцени и академски средини низ Европа, Азија и Африка.

Филмската академија при УГД, од годинава отвори уште една студиска програма, за Балетска педагогија, на која предаваат реномирани предавачи и студентите веќе ја посетуваат наставата во просториите на УГД во Дом на АРМ во Скопје.

Ме радува успешниот старт на академската година на Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, со прекрасни професори од интернационален карактер, што е секогаш возбудливо за студентите. Воедно, задоволни сме од интересот за нашите студиски програми, за прв и втор циклус на студии, како и за новоотворената студиска програма за Балетска педагогија. Нашите програми постојано привлекуваат и странски студенти, па година повторно, покрај домашните студенти, имаме и студенти од странство кои ќе студираат со нас и тоа од Словачка, Германија и Црна Гора. Студенти од трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 година, ќе бидат гости на Ротердамската академија за танц при КОДАРТС универзитетот од Ротердам, Холандија, каде ќе имаат студиски престој и уникатна можност за надградба на своите знаења и, покрај наставниот план на изучување танцови техники, ќе учествуваат во креативниот процес на создавање кореографски дела со млади кореографи, изјави Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија при УГД. 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре облачно и потопло, од петок пораст на температурата

Следно

Не бидете пион во нивните шаховски игри

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop